in

Дипломирале роботи наместо студенти (ВИДЕО)

Училиштата се затворени, што значи дека студентите ќе мора да пропуштат еден од најважните настани во својот живот – дипломирањето.

Меѓутоа, љубовта на Јапонците кон роботите конечно се исплатела.

На еден универзитет во Токио, студентите користеле роботи за виртуелно да можат да бидат присутни на свеченоста за доделување на дипломите.

Роботите носеле студентски капи и облека, а дури имале и таблети на кои биле лицата на студентите кои ја примаат дипломата.

Ова, сепак не е прв пат доделување на дипломи во Јапонија да се доделува виртуелно поради коронавирусот. Еден универзитет одлучил да ја одржи оваа свеченост во Мајнкрафт видео играта, каде студентите се појавиле како аватари.

Прочитајте и...  Фотограф ја покажува различноста на љубовта преку фотографии на парови од кокошки

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote