Дневен хороскоп за вторник (27. август 2019)

horoskop

ОВЕН

Работа: Потрудете се веднаш да ги решавате проблемите, во ист момент кога ќе ви се појават.

Љубов: Ве очекува интересно познанство со личност која на некој начин е мистериозна и таинствена.

Здравје: Проверете ја својата диоптрија.


БИК

Работа: Очекувајте поволен ден на ова поле. Пред вас се многу среќни околности.

Љубов: Ако сте во брак, со саканата личност ќе имате некои караници во текот на денешниот ден.

Здравје: Водете сметка околу стомакот.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Можно е да сте нетрпеливи и сакате да завршите некои проекти што побрзо. Потребно ви малку повеќе такт и дипломатија.

Љубов: Ве очекува многу поволен ден за нови познанства и флерт. Ќе бидете задоволни.

Здравје: Внесувајте повеќе витамини.


РАК

Работа: Потребен ви е нечиј совет во момент кога не сте сигурни како да постапите.

Љубов: Пред вас е можност со саканата личност да решите проблеми кои сте ги имале во минатото.

Здравје: Можни се хронични тегоби.


ЛАВ

Работа: Вие можете да постигнете значаен успех на работното поле. Ве очекува поволен период за промени.

Љубов: Ве очекува фаза во која ќе имате сериозни разговори на темата заедничка иднина со саканата личност.

Здравје: Проблеми со штитната жлезда.


ДЕВИЦА

Работа: Моментално сте во фаза која може да ви донесе статична ситуација на полето работа, без големи промени.

Љубов: Размислувате за личност од минатото кон која и натаму имате чувства. Можно е наскоро да се случи средба.

Здравје: Проверете ја крвната слика.


ВАГА

Работа: Водете сметка околу плановите кои ги правите за иднината на полето работа. Неопходно е да поработите на остварување стабилна ситуација.

Љубов: Ова е вистински момент да ја освоите личноста која ви се допаѓа.

Здравје: Можни проблеми со несоница.


ШКОРПИЈА

Работа: Соработниците од вас ќе бараат некои совети. Подготвени сте да им помогнете и да се посветите на работата.

Љубов: Личноста која ви се допаѓа ќе ви пружи шанса да и се приближите. Очекувајте почеток на нова врска.

Здравје: Мали проблеми со хормоните.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Ве очекуваат драстични промени на работното поле. Може да се надевате на позитивни проекти.

Љубов: Ви се допаѓа личност која е зафатена или ќе влезете во еден вид комплицирана емотивна врска.

Здравје: Проблеми со грлото.


ЈАРЕЦ

Работа: Чувствувате дека сте под голем притисок и не ви е лесно да излезете на крај со сите обврски кои ве чекаат.

Љубов: Константни караници со партнерот кои ве наведуваат на мисла дека треба да раскинете.

Здравје: Водете сметка околу мигрената.


ВОДОЛИЈА

Работа: Нервозата која ја чувствувате може да биде лош предзнак за понатаму. Ве очекува период кој носи проблеми.

Љубов: Можно е да посакувате крај на љубовната врска, затоа што немате повеќе чувства.

Здравје: Проблеми поради стрес.


РИБИ

Работа: Можни се проблеми во комуникацијата со блиски соработници. Работни компликации ви следуваат.

Љубов: Сакате да ја обновите комуникацијата со личноста од минатото. Имате потреба за помирување и да разјаснатите некои работи.

Здравје: Одлично.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.