Занимливости

ДОАЃА ЛЕТО: Со овие совети ќе ја заштитите косата

Косата е чувствителна на УВ зраците, а многу често кога се враќаме од море треба да ја скратиме косата, бидејќи е оштетена. Поради тоа, започнете на време со негата и безгрижно уживајте во летните периоди. 

20180503173710

Сите знаеме дека бојадисаната коса е посебно чувствителна на УВ зраците, бидејќи и самото бојадисување ја оштетува косата. За да ја заштитиме, важно е да нанесувате регенератор во спреј кој не се мие, а ќе ја штити косата од сонцето.

Пред летниот одмор задолжително посетете го вашиот фризер. Испуканите врвови уште повеќе се оштетуваат поради влијанието на сонцето и солта па кога ќе се вратите ќе морате да ја скратите косата повеќе отколку што сте замислувале. Предлог – две седмици пред да одите на море, скратете ја косата и заминете на одмор со здрава коса. 

Збогатете ја исхраната со здрави намирници богати со омега 3 масните киселини. Во храната додадете повеќе риба, јајца, спанаќ, ленено масло и чиа семки. На тој начин ќе ја нахраните Вашата коса од внатре и таа ќе биде сјајна, јака и здрава, а воедно и вашиот организам ќе го збогатите со здрави супстанци.

Прочитајте и...  Останала без пари па бездомник ѝ го платил таксито – нема да верувате што направи таа потоа

Миете ја косата секој ден или секој втор ден, бидејќи за време на топлите денови, коренот сè повеќе поти. Важно е да ја миете косата со благи шампони наменети за секојдневна употреба, односно одберете шампон со арганово масло.

Најпопуларно


To Top