Македонија

ДОАЃА НЕВРЕМЕ СО ПОРОЕН ДОЖД И ГРМЕЖИ: Еве какво време не` очекува до сабота

Попладнево и кон крајот на денот од запад ќе започнат врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират во поголем дел од земјава.

Во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни (20 до 30 л/м2), локално во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 80 км/час).

Потоа во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд.

Ова е временската прогноза до сабота.

Прочитајте и...  Расте бројот на заразени: Во Македонија 35 лица имаат коронавирус, уште 30 се на испитување

Најпопуларно


To Top