in

Додатен ден за одмор: Во овој град се воведува работна недела од 4 дена

Градските власти на данскиот град Одшеред воведоа четиридневна работна недела за сите вработени во општинската администрација во која работат околу 300 луѓе, па така отсега ќе можат да одмараат и во петок.

slobodan petak aps 1 932122184

Одшеред се наоѓа на северозападниот дел од островот Зеаланд во Данска, на 100 километри од главниот град Копенхаген. Во градот живеат околу 33,200 жители.

Кирстен Лунд Марквардсен, вработена во општинската администрација, вели дека после долгите разговори со претставници на градските власти се одлучиле да ја имплементираат идејата за четиридневна работна недела.

Таа додаде дека во градската управа сите веруваат дека на овој начин дополнително ќе се мотивираат вработените да им пружат уште поквалитетни услуги на граѓаните.

„Сигурни сме дека луѓето ќе го ценат тоа што ќе имаат дополнителен ден за одмор“, изјави Марквардсен.

Општинските службеници отсега ќе работат по 35 часа неделно, додека стандардната работна недела во Данска трае 37,5 часа.

Државните службеници вработени во општината се воодушевени од новиот начин на работа и се пресреќни што отсега па натаму ќе имаат по три дена одмор во текот на една седмица.

Прочитајте и...  Секоја година селаните од ова место наоѓале по 2000 евра на улица: Мистеријата разрешена, еве кој им оставал пари

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote