Случувања

Додека чекаат да бидат тестирани спијат во кутии: Еден од најголемите аеродроми во светот се претвори во легло на заразата

Власта во Јапонија пронајде алтернатива за патниците кои чекаат за тест од коронавирус на аеродромот во Токио, а немаат можност да преноќат во еден хотел кој е предвиден за изолација.

Имено секој патник кој ќе слета на аеродромот „Нарита“ во Токио мора да се тестира од опасниот вирус, а додека тие се во исчекување можат и да спијат на самиот аеродром во кутии.

Чекалната на аеродромот овие денови е претворена во огромна соба за спиење со кутии кои се на прописно растојание раздвоени.

Овие кутии се привремено сместување за сите оние кои немаат можност да одат во еден од хотелите пренаменети за карантин.

И додека тие чекаат да се тестираат секако за нив се грижат вработените на аеродромот, патниците имаат право на оброк и пијалак во текот на денот.

Прочитајте и...  Tајната на изгледот на фаталната Моника Белучи – Еве што има на нејзиното мени

Ваквото сместување сепак предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, „ова е легло на заразата“, се дел од коментарите.

Најпопуларно


To Top