„Додека ме силуваше, пред влезот имаше полицајци“ – нови тврдења на жртвите на милијардерот педофил

Милијардерот педофил Џефри Епстајн сексуално нападнал тинејџерка додека бил под надзор на полицијата во Палм Бич.

190711153116 jeffrey epstein 0711 exlarge 169
/

Кетлин Доу тврди дека Епстајн ја ангажирал во својата Фондација за наука на Флорида во март 2009 година, кога имала 18 години, а надлежните одобриле тинејџерката да работи кај осудениот сексуален престапник кој уште бил во затвор.

Понатаму се тврди дека Кејтлин била сексуално искористена повеќе пати како од страна на Епстајн, така и во една прилика од една млада жена и милијардерот. Се се случувало додека заменикот кој работел во канцеларијата на шерифот на Палм Бич стоел пред бизнис зградата.

Тоа исто така се случило помалку од една година откако Епстајн првпат силувал млада жена на имоптот на островот Литл Сент Џејмс во САД.

Кејтлин е една од жртвите кои поднеле тужба против Епстајн, извршувачот на неговиот тестамент Ричард Кан и Дарен Индајк, и осум компании поврзани со покојниот педофил.

Таа пред доаѓањето на работа морала секој пат да пишува формурал кој го давала канцеларијата на шерифот. Кога ќе влезела кај Епстајн кој службениците го опишувале како примрен затвореник, била приморана на секс.

Исто така таа рекла дека изопачената сексуалност Епстајн го терала да бара одобрување од судиите за патување во Њујорк, поради работа.

Во пријавата вели дека Епстајн ѝ ветил дека ќе ѝ ја плати неопходната операција, а се плашела дека нејзиното одбивање да ги прифати неговите барања можеле да го наведат да одбие да ѝ ја плати операцијата.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.