Случувања

Додека седите дома: Оперски и балетски изведби од Виенската опера бесплатно!

Како и речиси сите големи оперски куќи и концертни сали ширум светот и Виенската државна опера ги откажа сите претстави до 2 април.

Но, затоа, како што соопштуваат од Операта, оваа врвна уметничка институција отвора лајвстрим за љубителите на музиката ширум светот да може да уживаат во нивните оперски и балетски изведби – бесплатно.

Ќе се емитуваат снимки од претходни изведби на стриминг платформата www.staatsoperlive.com и тоа бесплатно.

Снимките почнуваат во 19 часот односно 17 часот по средноевропско време и ќе бидат достапни 24 часа.

Прочитајте и...  Ќе се снима филм за Аркан и Цеца, еве дел од актерите

Најпопуларно

To Top