Дојди..

img 5079

Дојди.. 
Дојди да те однесам на едно место каде што нема да мораш повеќе да глумиш. 
Дојди да те однесам на едно место каде што ќе нема ни потреба да глумиш. 
Дојди додека не ти ставиле печат дека си најголема грешница.
Дојди, зошто ќе треба да горам со тебе. 
Ако дојдеш. 
Ќе те заштитам. 
Ако дојдеш не ќе мора да глумиш силна ќе се исплачеш. Та ќе ми се насмееш така слатко.. 
Ако дојдеш ќе ти го разгорам жарот што душата од потопи ти го гасне. 
Ако дојдеш, не ќе дозволам веќе коски да ти се кршат од болка. 
Ако дојдеш сите стакла што ги јадеш ќе ги исплукаш пред нозе на сите што ти згрешиле. 
Ќе си ставиш црвен кармин кој ќе ги скрие сите потребни касања на таа усна. 
На високи потпетици ќе одиш со глава крената. Ќе заборавиш на раните на нозете. Јасно? 
Ќе се смееш и ќе заборавиш на раните на душата. Јасно? 
Ќе сакаш и ќе заборавиш дека срцето ти е напола. Јасно ли ти е? 
Ќе пееш песна, песна за животот. Нема да дозволи твојот глас да умре. А уште помалку мојот свет да се претвори во молк зошто твојот глас го убил некој друг! 
Ти си и ќе останеш. 
Ќерка
Сестра
Девојка
Љубов
Поддршка 
Карпа и свила истовремено. 
Толку силна а толку кротка 
Толку моќна и не моќна истовремено. 
Ти ќе останеш моја. 
Сега дојди… 
Дојди ќе те сочувам.

Прочитајте и...  Новото утро

Јелена Ѓиноска

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде