Животински свет

Доказ кој сугерира дека шимпанзата планираат однапред

Дека шимпанзата се повеќе како човекот отколку што мислевте покажува и едно нивно необично однесување во зоолошка градина во Берлин.

image 1

Научниците соопштија дека ги следеле дивите шимпанза како јадат необична ужинка – желки чиј тврд оклоп го кршеле од дрвјата пред да го јадат месото.

Истражувачите на Институтот за еволутивна антропологија на Макс Планк во Лајпциг и Универзитетот Оснабрик рекоа дека таквото однесување на шимпанзата е забележано десетина пати во Националниот парк Лоанго во Габон, објави АП.

Тогаш првпат е забележано шимпанзата да јадат желки, а забележано е и дека слабите животни често им го отстапувале својот плен на посилните, па посилните го кршеле оклопот и сите го делеле оброкот.

Истражувачите рекле дури и дека еден мажјак изел половина желка, а потоа остатокот го оставил на дрвото па следниот ден се вратил да го изеде. Ова сугерира дека шимпанзата се способни да планираат однапред.

Прочитајте и...  Необично пријателство помеѓу група орангутани и видри во белгиска зоолошка градина

Најпопуларно


To Top