„Јас доброволно станав бездомник за да го заштитам моето семејство во случај да се заразам и да го донесам вирусот дома“, напиша Д-р Ченг на Фејсбук. Тој додаде дека спиел во својот автомобил една ноќ, а потоа четири ноќи во болницата, посочувајќи дека на петтиот ден неговата сопруга му предложила да живее во шатор во нивната гаража.

Тој ја прифатил нејзината идеја, а веднаш потоа се преселил во својата гаража, каде што ќе биде се дури не биде сигурен дека сето ова е завршено.
Тој упати порака и до сите други граѓани:
„Можете да ми помогнете мене и на другите здравствени работници повеќе да не сме бездомници. Останете дома!“.