in

Доктори заработиле отказ откако зборувале за недостатокот на опрема против коронавирусот

Болниците се закануваат дека ќе ги отпуштат лекарите и медицинските сестри од работа доколку јавно зборуваат за условите за работа внатре во болниците, пренесува Bloomberg.

Минг Лин, вработен како доктор во итната служба во Вашингтон, вели дека останал без работа бидејќи дал интервју во кое раскажува дека располагаат со неадекватна заштитна опрема и тестови.

Во Чикаго, медицинска сестра била отпуштена откако им испратила мејлови на нејзините колеги дека сакала да носи опрема со поголема заштита додека е на работа. Во Њујорк, им се заканувале на вработените дека ќе ги отпуштат ако даваат интервју за медиумите без посебна дозвола.

„Болниците ги замолчуваат медицинските сестри и другите здравствени работници за да го сочуваат својот имиџ“, вели Рут Шуберт, портпарол на Здружението на медицински сестри во Вашингтон. „Срамота е!

Болниците традиционално имаат строги мерки во однос на медиумите за заштита на приватноста на своите пациенти, дозволувајќи му на персоналот да разговара со медиумите само преку официјалните канцеларии за односи со јавност. Но, пандемијата донесе нова ера, рече Шуберт.

Прочитајте и...  Првата жена ќе патува на Месечината во 2024

Здравствените работници „мора да имаат можност да и кажат на јавноста што навистина се случува во установите каде се грижат за пациенти заразени од коронавирусот“, вели таа.

Една од причините за ова е другите медицински сестри и доктори да можат да се подготват за вирусот како и да се зголемат донациите на навистина потребната опрема, особено лична заштитна опрема (ППЕ) која ги штити од зарази нив и нивните семејства.

Во Кина, еден од најраните аларми за оваа мистериозна болест го крена доктор на онлајн разговор кон крајот на декември. Тој бил принуден да потпише полициска изјава дека тоа што го направил било нелегално. Подоцна, тој се зарази од друг пациент и почина.

Прочитајте и...  Официјално Холандија е првата земја без улични кучиња!

„Добро и соодветно е здравствените работници да можат да ги изразат нивните стравови и грижи, особено кога тоа може да им донесе подобра заштитна опрема“, вели Глен Кохен, директор на Правниот факултет на Харвард. Веројатно болниците се обидуваат да ја намалат штетата на нивната репутација затоа што „кога здравствените работници велат дека не се заштитени, јавноста ја губи довербата во здравствениот систем.“

Ниша Мехта е 38-годишен рагиолог од Северна Каролина, која раководи со две групи на Фејсбук за лекари со околу 70.000 членови. Таа поднесе бројни барања од здравствени работници со надеж дека ќе ги пренесе нивните приказни до јавноста.

Прочитајте и...  Дали навистина се потребни толку филери? Бугарка навистина претерала!

„Слушам разни приказни од лекари низ целата земја и сите тие велат: Сите ние имаме приказни кои сметаме дека е важно да излезат во јавноста, но нашите болници не ни дозволуваат да разговараме со медиумите, а доколку го направиме тоа, ќе се соочиме со тешки последици“, вели таа.

Многумина велат дека дека добиваат дневни пораки барајќи од нив да не разговараат со медиумите под било какви околности. „Јавноста мора да ги слушне овие приказни и другите доктори мора да ги слушнат за да бидат свесни за она што доаѓа“, вели Мехта. „Многу е важно сите да разберат колку лоша ќе стане ситуацијата.“

Извор: bloomberg.com

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote