Животни приказни

Докторите им кажаа да го исклучат синот од апарати: Родителите донесоа тешка одлука, а потоа се случи Божјо чудо

Тој бил одржуван во живот на апарати веднаш по раѓањето затоа што е роден со сериозно оштетување на мозокот поради недостаток на кислород за време на бременоста или породувањето.

Келеб Крук, момче од Велика Британија, одлучи да живее и покрај најлошите предвидувања на лекарите.

Лекарите ги повикале родителите на Беки и Фил да се збогуваат со своето бебе десет дена по раѓањето. Ним им било кажано дека морале да ги исклучат апаратите бидејќи веќе немало надеж.

Ги исклучиле уредите, но момчето продолжило да дише самостојно! Го стисна прстот на мајка си и ја погледна како да сака да и каже дека сè ќе биде добро, да не се грижи.

– Ова ќе биде негов прв Божиќ што ќе го помине со нас дома. И покрај неговите комплексни потреби и сериозни повреди на мозокот, тој сака да се смее, особено кога ќе го слушне гласот на неговата постара сестра, рече Беки (30).

Прочитајте и...  Тинејџер споделува листа на правила кoи мајка му го тера да ги прави секојпат пред да излезе од дома

Таа додаде дека детето е родено непланирано дома затоа што сè се случило брзо. Тој бил блед, не земал воздух веднаш и телото му било целосно опуштено, како во него да нема живот.

– Тој веднаш беше ставен на апарати во болницата, а лекарите ни рекоа дека има минимална активност во мозокот и дека нема надеж за неговата иднина. Го пренесовме во специјализирана детска болница. Ништо не можевме да сториме за него. Не можев да верувам дека ова се случи откако бременоста беше совршена, изјави мајката за Дејли Меил.

На Калеб му била дијагностицирана Хипоксично-исхемична енцефалопатија (ХИЕ) – сериозно и неповратно оштетување на мозокот поради недостаток на кислород кај детето.Иако прогнозата за неговата иднина е неизвесна, семејството ужива во секој момент поминат во друштво на ова весело дете.

-Се надеваме дека ќе доживеат среќа и мир, без оглед на неговите способности. Сакаме тој да знае колку многу го сакаме. Никој не знае што носи иднината за него, но тој избира да живее секој ден. Тој е наше вистинско чудо, тој им се спротивстави на сите очекувања на лекарот, рече мајката.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Едвај дише и не можела да ги отвори очите: По пластичните операции преживеала хорор во голема агонија

Симптоми на хипоксична исхемична енцефалопатија може да вклучуваат бавно отчукувања на срцето, слаб тонус на мускулите, скратен здив или прекинување на дишењето, синкава или бледа боја на кожата и прекумерна киселост на крвта. Нема лек и сето тоа се сведува на помагање на вашето дете да живее што е можно подолго, со оглед на неговата состојба.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top