Забава

Долна облека која ги неутрализира гасовите

Испуштањето гасови е нормално, но е непријатно во социјални ситуации, нели? Да не го игнорираме фактот дека и миризбата не е баш најдобра.

Според експертите во оваа област, просечно се испушта гас 5-15 пати дневно. Некои луѓе не можат да се задржаат во овие рамки, па затоа е измислена идејата за неутрализаторот на гасови.

Во составот на производот има активен јаглен, и се лепи за долната облека со цел неутрализирање на миризбите.

Јагленот нуди многу бенефити, а во случајов неутрализирање на миризбите и токсините. Често се користи за филтрирање на различни гасови и течности.

Материјалот е само 0.1 цм тенок. Може да се пере без да ја изгуби ефикасноста.

Компанијата која ги произведува, Flat-D вели дека материјалот е безбеден и не ја оштетува кожата.

Коментарите на луѓето кои го пробале овој пронајдок се генерално позитивни, со што една коментаторка вели дека конечно може да спие мирно со сопругот.

Прочитајте и...  Омилената актерка на многумина ја немаше цели 6 години: Причината поради која се повлече е мрачна и тажна

Најпопуларно


To Top