in

Домашен леб за 15 минути: Подобар и од тој во пекара

Нема ништо подобро од вкусен домашен леб, ниту еден леб што може да го купите не се споредува. Ви го даваме нашиот рецепт за совршен домашен леб.

Состојки

250 грама интегрално брашно
250 грама бело брашно
1 прашак за пециво (10 грама)
1 супена лажица мед
1 лажичка сол
3 супени лажици маслиново масло
300 мл млака вода

Начин на подготовка

Загрејте ја рерната на 250 степени пред да почнете со месење на лебот.

Измешајте ги сите суви состојки, па додајте ги маслото, водата и медот. Со месење добро измешајте ги состојките за да се соедини. Поделете на 2 дела.

Ако е потребно, ставете малку брашно на работната маса за полесно да можете да го извадите тестото и да го обликувате.

Ставете го тестото на плех покриен со хартија за печење.

Печете околу 15 минути, додека кората не стане цврста и кремава.

Прочитајте и...  Кето диета: Пет вкусни рецепти за ручек

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote