Кујна

Домашен рецепт за крофни кои лесно се прават

Меки, вкусни и неодоливи, крофните се посакувани од секој љубител на слатките задоволства.

Потребни состојки:

1/4 млеко
1 квасец
3 лажици шеќер
1 јајце
1 ќесичка ванилин шеќер
брашно по потреба

Начин на подготовка:

Во сад ги ставаме квасецот, млекото и шеќерот да стаса квасецот. Потоа се додава јајцето и се става брашно по потреба додека не добиеме меко тесто.

Тестото го оставаме да стаса на набрашнета подлога 30 минути.

Го премесуваме и повторно го оставаме да стаса 30 минути.

Од тестото расукуваме кора дебела колку 1 прст и со помош на чаша правиме тркалезни облици. Ги оставаме околу 20 минути да нараснат и потоа ги пржиме во сад со врело масло за готвење.

Пржете ги крофните на тивок оган. Ставете ги крофните да се пржат наопаку, односно горе да биде страната на која лежеле додека отстојувало тестото. Веднаш штом ќе ги ставите да пржат, покријте ги накратко со капак.

Откако крофните ќе добијат златна боја, извадете ги од маслото и ставете на кујнска хартија за да се впие вишокот масло.

Готовите крофни поросете ги со шеќер во прав. По желба, можете со шприц да ги наполните со чоколаден крем или џем.

Прочитајте и...  Три грешки кои ги правите кога подготвувате компир

Најпопуларно


To Top