Кујна

Домашен рецепт за највкусните варени ѓевречиња – прсти да си излижеш

Потребни состојки:

1 кг брашно
1 квасец
1 и пол голема лажица сол
2 големи лажици масло
1/2 литар топла вода

Начин на подготовка:

Се меси да биде тврдо тестото и се остава 20 мин да кисне.

Тестото се размесува и се прават ѓевречиња (може да ги сечете со чаши, една голема и една мала за ракија) и се оставаат да постојат уште 10 мин.

Во едно тенџере се става 1 литар вода, 1 голема лажица мед и 1 голема лажица шеќер.

Кога ќе зоврие водата се ставаат ѓевречињата (околу 30 секунди од едната, па 30 секунди од другата страна).

Се вадат и се валкаат во сусам (може да мешате и сончоглед и други семиња).

Се ставаат во плех и се печат 10-15 мин на 220°С.

Рецептата е испратена од наша читателка
М.К.

Прочитајте и...  Чоколадни мафини кои се топат во уста - рецепт за најсочните мафини што некогаш сте ги пробале

Најпопуларно


To Top