Македонија

Донација на Комерцијална банка, 6.150.000 денари за Министерство за здравство

Со цел да им помогне на здравствените работници во справувањето со кризата предизвикана од коронавирусот ковид–19, Комерцијална банка АД Скопје обезбеди парична донација во износ од 6.150.000 денари и дополнителна заштитна опрема (34.250 медицински заштитни маски за лице) во вредност од 1.200.000 денари за потребите на Министерството за здравство.

Паричните средства се префрлени на посебна наменска сметка на Министерството за здравство , а се наменети за справување со заканата по јавното здравје произлезена од епидемијата со коронавирусот. Доставени се и медицинските маски за заштита на здравјето на здравствените работници, кои во борбата за зачувување на јавното здравје се најизложени на ризикот од коронавирусот.

Прочитајте и...  На овие Македонки им се оствари најголемата желба – си родија бебенца и станаа мајки во шестата деценија од животот

Најпопуларно


To Top