Македонија

ДПМ распиша Конкурс за наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од жена-писател

Друштвото на писатели на Македонија распишува Конкурс за доделување на наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од жена-писател, член на ДПМ, објавена во периодот од мај 2018 до крај на октомври годинава.

book book pages chapter 5834
book book pages chapter 5834

Книгите во еден примерок треба да се достават во просториите на ДПМ најдоцна до 10 ноември 2019 г., секој работен ден меѓу 9 и 12 часот, или по пошта, на адреса: ДПМ, ул. „Максим Горки“, бр.18, 1000 Скопје.

Изборот ќе го изврши писател-селектор, а ќе го потврди претседателството на асоцијацијата.

Наградата се состои од плакета и ќе биде врачена на посебна свеченост во Друштвото на писатели на Македонија. Со оваа награда се поттикнува поетското творештво на жените-писатели и се возобновува споменот на македонска поетеса Даница Ручигај, која трагично го загуби животот во скопскиот земјотрес на 29-годишна возраст.

Прочитајте и...  ФОТО+ВИДЕО: Ја воодушевија и расплакаа публиката: Македонците победници на „Никад није касно“
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top