Галерија

Другото лице на убавината: Индиско племе во кое жените треба да носат тапи во носот

Серија црно-бели фотографии ја покажува убавината на жените од индиското племе Апатани кои не можат да ги сокријат тетоважите од лицето ниту пак црните тапи во носот.

APATANI 2 781686442

Луѓето потекнуваат од племе кое мигрирало на висорамнината Апатани во областа Субансири во индиската држава Аруначал-Прадеш. Денес, луѓето живеат во долината Зиро.

Отсекогаш биле познати по своите земјоделски вештини и необична традиција која иако никаде не е запишана, се пренесува со децении од генерација на генерација.

Во една од тие приказни се крие причината зошто многу од жените на ова племе имаат тетоважи на лицата и огромни црни тапи во носовите.

APATANI 1 247819543

Имено, жените од ова племе важеле за најубавите во оваа област, па мажите од другите племиња често ги грабале.

За да се спречи ова, одлучено е на жените да им се тетовира лицето и да им се ставаат црни тапи во носот додека сè уште се млади за да бидат помалку привлечни и убави.

APATANI 3 603927871
APATANI 4 143215803
apatani 214080349

Фото: Профимедиа

Прочитајте и...  ШОКАНТНО: 7 годишно девојче со хемиски изгореници предизвикани од привремена тетоважа

Извор: National Geographic

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top