Занимливости

Дрво кое раѓа 40 различни видови на овошје!

На секое вакво уникатно “Tree of 40 Fruit” растат 40 различни плодови меѓу кои повеќе видови на сливи, праски, нектарини, кајсии, цреши, вишни, па дури и бадеми, а дрвото е добиено по пат на калемење.
Сем Ван Акен, професор по уметност од Универзитетот Саракуза, успеа да создаде хибрид дрво кое раѓа 40 различни плодови.

Наградуваниот уметник во 2008-мата година дознал дека земјоделската експериментална станица близу Њујорк ќе биде затворена поради недостаток на финансии, а како резултат на тоа би биле пресечени и сите дрвја кои биле насадени, што значело пропаѓање на повеќе стари видови на овошја. Ван Акен, чувствувајќи тага поради оваа информација, особено поради фактот дека повеќето од дрвјата биле стари помеѓу 150 и 200 години, сакајќи да ги зачува, тој го купил местото и започнал да експериментира.

Во следните година дена, Ван Акен ги проучувал повеќе од 250-те видови на овошја кои ги имал на располагање и размислувал како да ја спроведе уникатната идеја која му паднала на ум, а тоа е да успее од секој вид на овошје да накалеми на само едно дрво кое би служело како основа.

После пет години напорен труд, Ван Акен успеал да креира дрво кое раѓа 40 различни видови на овошје. Тој вели дека е исклучително горд на своето достигнување.

Прочитајте и...  Како изгледале 18 милијардери пред да се збогатат (ФОТО)

Дрвото на Ван Акен изгледа како и повеќето останати дрвја во текот на поголемиот дел од годината, меѓутоа кога настапува пролетта, неговото дрво прави вистинска експлозија од розови, виолетови, црвени и бели пупки, за подоцна, неговото “Tree of 40 Fruit” да роди различни типови на сливи, праски, кајсии, цреши, па дури и бадеми. За сега се одгледани само 16 вакви дрва на територијата на САД.

Најпопуларно


To Top