Држењето лаптоп во скут може да биде многу штетно

laptop skut

Дека е опасно да се држи лаптоп во скут е одамна познато – научниците предупредуваат дека може да се добијат опекотини и други здравствени проблеми, а најновите истражувања укажуваат и на дисколорација на кожата.

Едно 12-годишно дете заболело од овој необичен синдром откако неколку месеци секој ден го држело лаптопот во скут додека играло видеоигри. Детето осетило дека лаптопот на едната страна е малку потопол, но не направил ништо во врска со тоа.

Исто така, една студентка во Вирџинија побарала помош од нејзиниот лекар заради тоа што кожата на нозете ѝ потемнела. Лекарите биле збунети, сè додека девојката не кажала дека држела лаптоп во скут по 6 часа на ден.

Кожата под микроскоп изгледа како долго да била изложена на сонце.

Проблемот се јавува кога претерано ќе се изложиме на топлина која инаку не е доволно силна за да предизвика опекотини. Обично доведува само до дисколорација на кожата, но може да нанесе и штета која доведува до рак на кожата, предупредуваат лекарите. Тие препорачуваат во скутот да се стави некаква заштита од топлината, ако мора лаптопот да се држи во скут. И големите производители на лаптопи предупредуваат да не се чува лаптопот во скут.

Прочитајте и...  Невенот - лековита билка

Пред неколку години, научниците открија дека држењето на лаптопот во скут предизвикува загревање на тестисите, што може да резултира со намалување на бројот на сперматозоиди, а може да доведе дури и до неплодност.

Во минатото, синдромот на дисколорација на кожата бил забележан само кај професиите кои вклучувале долго работење покрај извор на топлина, како што се на пример пекарите и производителите на стакло.

Пред воведувањето на централното греење, од овој синдром заболувале и луѓе кои седеле премногу блиску до печката, а познати се и случаи кои го добиле заради претерано користење термофор.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде