Кујна

Два реда чоколадо, ред карамела: Трослојна торта која се топи во уста

Обидете се да ја гледате тортата подолго од 30 секунди и да не посакате да ја гризнете – невозможно.

Ако и вие сте стрвни по чоколадни десерти, време е да го откриете рајот за непцата.

Оваа трослојна торта има два чоколадни реда со карамела измеѓу и е уште поубава во живо отколку на слика.

Потребни состојки:

За кората

  • 650g измелени чоколадни колачиња/бисквити
  • 150g истопен путер
  • Шеќер во прав, по желба, не е задолжително

За карамелата

  • 130g истоен путер
  • 1,2 dl јаворов сируп
  • 380g кафеав шеќер
  • 1,7 dl кондензирано млеко
  • 100g ситно сечкани кикирики

За глазурата

  • 250g црно чоколадо
  • 2,5 dl хопла
  • 60g путер

Начин на подготовка:

Рерната загрејте ја на 180 степени. Во еден сад измешајте ги состојките за кората, па добиената смеса еднакво распоредете ја во тавче за печење. Печете 10-тина минути.

Во длабок сад стопете го путерот на средна температура, па додадете го сирупот и шеќерот. Варете 3-4 минути, додека не се згусне, па тргнете.

Прочитајте и...  Едноставен, а совршен: Домашен џем од вишни

Додадете го кондензираното млеко и кикириките, па продолжете да матите додека смесата не стане густа и хомогена.

Кога малку ќе се разлади, прелијте преку кората и со лажица рамномерно распоредете.

Оставете го колачот 30 минути во фрижидер.

Во меѓувреме подгответе ја глазурата, така што слатката павлака ќе ја загреете до точка на вриење, па потоа ќе го додадете чоколадото. Мешајте додека не се растопи.

Додадете го и путерот и мешајте додека не добиете мазна смеса.

Сипете низ изладениот колач, па вратете во фрижидер уште 2 часа.


Најпопуларно


To Top