Балкан

Двајца голмани му купија нов автомобил на тренерот што ги тренирал како деца

Доминик Ливаковиќ, репрезентативниот голман на Хрватска и на Динамо, како и Јосип Чондриќ, чуварот на мрежата на Истра, се двајцата најдобри на својата позиција во тамошното првенство. Ливаковиќ и Чондриќ ги поврзува едно име, а тоа е Жељко Њежиќ, кој сега има 73 години.

Додека беа деца, Доминик и Јосип вредно работеле под режимот на Жељко. Познат како Дедо, Њежиќ им ги откривал голманските тајни на двајцата чувари на мрежата кои сега се главни во своите екипи. Ливаковиќ е незаменлив во Динамо и брани во Лигата на шампионите, а Чондриќ е капитен на Истра.

Двајцата голмани решија да го изненадат Жељко и за неговиот 73-ти роденден му подарија автомобил. Му купија нова „опел корса“ која чини 9.000 евра.

„Како дојдовме на оваа идеја? Слушнав дека старата кола која ја имаше со години му „цркнала“. Го знаев тој автомобил и знам дека беше постар од мене, а јас има 26 години. Се сетив дека му се ближи роденденот на Дедо и му предложив на Ливаковиќ да му купиме автомобил. Тој беше воодушевен и веднаш се согласи. Жељко многу се изненади кога го виде автомобилот. Тој тоа го заслужи. Не можам да објаснам колку сум му благодарен за тоа колку тренинзи со нас има одработено“, вели Чондриќ.

Прочитајте и...  Северина осудена за семејно насилство

Самиот Њежиќ не можел да верува што изненадувањето што му го приредиле неговите некогашни ученици.

„Шокиран сум. Среќа што син ми дојде од Осиек со мене бидејќи сум во таков шок што не можам ниту да возам“, кратко рече Њежиќ.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top