Македонија

Две лица сомнителни за инфицираност со корона вирусот побегнале од Штипската болница

Двајца пациенти попладнево скршиле прозорец и избегале од штипската болница каде се пријавиле по скорото враќање од Италија, јавува Телма, повикувајќи се на потврда од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Станува збор за маж од Виница и за неговата партнерка хрватска државјанка кои пред неколку дена стигнале од Италија.

Мажот имал симптоми, и двојката тргнала во Штип на инфективното одделение. Таму пациентот станал агресивен и двајцата избегале откако го искршиле прозорецот. Откриени се во нивниот дом  во Виница, каде според МВР полициски тим заедно со експерти од институтот за јавно здравје се обидуваат да ги вратат назад во болницата.

Прочитајте и...  „Аџибадем Систина“ се вклучува во битката против коронавирусот со сите слободни капацитети, има 27 респиратори

Најпопуларно


To Top