Две скопјанки повредени во сообраќајка рано утрово во Аеродром

Рано утрово околу 04,00 часот во Скопје на крстосницата со булевар .„Србија“, булевар .„Јане Сандански“ и булевар .„В.С.-Бато“, се случила сообраќајна незгода во која М.И. (34) од Скопје, управувајќи патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, изгубила контрола над возилото и излетала од коловозот.

М.И. и сопатникот Т.А. (42) од Скопје биле пренесени во Ургентен центар-Скопје, каде на М.И. и се констатирани тешки телесни повреди, додека кај Т.А. се констатирани телесни повреди.

Извор: Сител

Прочитајте и...  „Како ли јас да пораснам“ стана хит и за новите генерации: Ја препеја талентираниот Милан во „Дајте музика“
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.