Случувања

Џенифер Анистон сподели фотографија од пријател заболен од коронавирус и испрати моќна порака

Ѕвездата од серијата „Пријатели“, Џенифер Анистон објави на социјалната мрежа Инстаграм фотографија од нејзин пријател кој во април се лекувал од коронавирус.

На фотографијата е нејзиниот пријател Кевин, кој поради Ковид 19 неколку денови е во болница.

„Ова е нашиот пријател Кевин. Совршено здрав, ниту еден здравствен проблем. Ова е Ковид. Ова е страшно. Не можеме да бидеме толку наивни да помислиме дека ова можеме да го надминеме. Ако сакаме ова да заврши, а сакаме зар не, има еден чекор кој можеме да го преземеме, ве молам, носете маски.
Направете го тоа за своето семејство, а најмногу за вас. Ковид ги напаѓа сите старосни групи“, напишала Џенифер Анистон и додала дека фотографијата е направена на почетокот на месец април и дека Кевин сега се опоравува од корона вирусот.

Прочитајте и...  Елтон Џон: Мадона е евтина стриптизета!

Најпопуларно


To Top