Џорџ Стини Јуниор е најмладиот Афроамериканец кој бил осуден на смрт во Америка во 20 век. Тој имал само 14 години кога бил егзекутиран на електрична столица.

За време на судењето, дури и на денот на неговата егзекуција, тој со себе носел Библија, тврдејќи дека е невин. Бил погрешно осуден за убиство на две бели девојчиња, 11-годишната Бети и 7-годишната Мери, чии тела биле пронајдени во близина на куќата каде момчето живеело со своите родители.
Во тоа време, сите членови на жирито биле белци. Судењето траело само 2 часа, а за казната било одлучено 10 минути подоцна.
На родителите на момчето им се заканувале и ги спречиле да присуствуваат во судницата, а подоцна и ги протерале од градот.

Џорџ со неговото семејство живеел во град во Јужна Каролина. Во местото каде живеел белците и црнците биле одделени со железничка пруга.
Пред егзекуцијата, Џорџ поминал 81 ден во затвор без да може да ги види своите родители. Го држеле во самица. Не смееле да го посетуваат ни родителите, ни адвокат.

Бил убиен со 5.350 волти во главата, замислете го тој напон во главата на еден тинејџер.
Џорџ Стини Јуниор бил погубен на 16 јуни 1944 година во затвор во Јужна Каролина. Електричната столица била со големина за возрасни. И маската која била преголема, исто така го покрила неговото цело лице. Џорџ бил прогласен за мртов во 19:30 часот, четири минути откако почнало погубувањето и 83 дена по убиството на Бети Џун Биникер и Мери Ема Темз.
70 години подоцна, неговата невиност конечно ја докажа судија од Јужна Каролина. Момчето било невино, некој го наместил бидејќи бил црнец.
Џорџ Стини Јуниор ќе остане запаметен во американската историја како најмладата личност која е осудена на смртна казна на електричен стол.
