Здравје

Еден од пет смртни случаи е поврзан со нездрава исхрана

Еден од пет смртни случаи во светот е поврзан со нездрава исхрана како резултат на истражувањето кое е објавено во медицинското списание Лансет.

Junk food found to be twice as distracting as healthy food

11 милиони смртни случаи ширум светот во 2017 година се поврзани со луѓето кои јадат храна богата со шеќери, сол и преработено месо што допринесува за болест на срцето, рак и дијабетес.

Истражувањето објавено во медицинското списание Лансет открило дека меѓу 195 испитани земји најголем дел од испитаните смртни случаи поврзан со исхраната бил во Узбекистан, а најмал во Израел.

Потрошувачката на здрава храна како што се јаткасти плодови и семенки, млеко и житарици во просек била прениска, а луѓето конзумирале премногу слатки и пијалоци и премногу преработено месо и сол.

Тоа довело до поврзување на секој петти човек во 2017 година со лоша исхрана.

Истражувањето Global Burden of Disease следело трендови на потрошувачката на 15 прехранбени производи за време од 1990 до 2017 година. Крис Мареј, директор на Институтот за мерење и процена на здравјето на Универзитетот во Вашингтон кој го водел ова истражување рекол дека го потврдува тоа што го мислеле многу низ годините.

„Лошата исхрана е одговорна за повеќе смртни случаи отколку било кој друг фактор на ризик во светот.“ – рекол тој

„Нашите проценки сугерираат дека водечки фактори на ризик во прехраната е висок внес на натриум во организмот или низок внес на здрава исхрана како што се житарици од цело зрно, овошје, јаткасти плодови и зеленчук.“

Истражувањето покажало дека луѓето јаделе само 12% од препорачаната количина на јаткасти плодови и семенки и пиеле 10 пати повеќе од препорачаната количина на слатки пијалаци. Исхраната богата со шеќер, сол и лоши масти е познат фактор на ризик за срцеви болести, мозочен удар, дијабетес и многу видови на рак.

Прочитајте и...  12 од трагичната смрт на нашиот Тоше: ЗАР НЕКОЈ МОЖЕ ДА ТЕ ЗАМЕНИ?

Истражување објавено во февруари покажало дека идеална исхрана за здравјето на луѓето и планетата вклучува зголемено конзумирање на ореви, овошје, зеленчук, мешункасти плодови како и преполовување на внесот на месо и шеќери.

Најпопуларно


To Top