Занимливости

Единствениот човек на кого Иво Андриќ му напишал предговор

77395533 2670880966354151 5227400173361037312 n

-За вас сите велат дека сте добар човек.

-Не е точно. Апсолутно не е точно. Во мене има зло макар колку и кај сите други луѓе. Она за кое што сам себе би си доделил признание, тоа е ригорозна одлука, односно способноста да се контролирам себе си и сопственото зло. Во мене постои љубомора, завист, подлост, желба за одмазда, лута омраза. Да не го контролирам сето ова вие би имале работа со една од најлошите личности која што некогаш сте ја запознале. Контрола, тоа е клучниот збор.

-Па зарем ова и не е главната одлика на добриот човек, да го контролира сопственото зло?

-Можеби и е, но кога веќе зборуваме за мене, тоа не можам да го кажам јас, туку само некој друг. Јас во себе носам некои други идеи. Добриот човек не постои, тоа е заблуда на лошите луѓе. Добриот човек е вештачки создаден, резултат на тешката борба со сам себе си. Кога таа сомничава појава која ја викате добар човек би го отворила прозорецот на својот внатрешен свет, сите би виделе дека внатре во сите нас, помалку или повеќе е иста кал, создадена од слични неквалитети. Затоа наместо да зборувам за добриот, би зборувал за паметниот човек. Биди паметен за да не бидеш лош. Паметниот човек секојдневно се преиспитува, ја отстранува својата лошотија и во еден момент сфаќа дека никогаш нема да престане тоа отежнато дишење, дека лошиот карактер е наш душевен плевел. Ти го корнеш, а тој се намножува. Расте ли расте. Не се давате ни ти, а ни тој во оваа борба до крај. Никогаш неможеш да ги отстраниш своите мани, но никогаш не смееш да престанеш ни да ги оцрнуваш. А ако си упорен, ако не се предаваш, тогаш после деценија совесна работа може да ти се случи и во огледало да видиш некој насмеан и смирен. Себе. И тука е можеби клучот. Ако доволно ги оцрниш своите зла, ако некако ги ставиш под контрола, тогаш од под нив ќе избие ведрина. Ќе се појави насмевка.

Прочитајте и...  Културата во различни делови на светот прикажана преку фотографии од соби на луѓе

Најубавиот украс на еден човек е неговата насмевка. Ќе ја развлечеш од уво до уво и ќе си речеш себе си: „Па да му е*ам, можеби и не сум сепак толку лош..“

Така говорел Зуко Џумхур.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top