Македонија

Една година од смртта на Билјана Беличанец

Пред точно една година на 46 години почина познатата актерка, Билјана Беличанец Алексиќ.

Таа важеше за една од најталентираните, најквалитетните домашни актери, беше пример за актерка која моќно играше во сите жанрови, на повеќе сцени, а зад себе остави печат во 30 улоги. Беше најмногу позната како Туфи во детската серија „Здраво генијалци“, глумеше во филмот „Мајки“ на режисерот Милчо Манчевски, и во тв серијата „Од денес до утре“, но ќе биде запаметена и по своите улоги во театарските претстави како Маргарет Флаерти во „Заводникот од западниот свет“, Сузана во Свадбата на Фигаро, Маре во тетовирани Души и мн. Други.

Колегите, глумци ја испратија Билјана со емотивни пораки во кои доминираат делата која таа ги остава зад себе и пораката дека тие ќе останат да сведочат за големината која таа ја носеше во себе.  Колегите од политичката фела беа едногласни дека нејзината посветеност за граѓаните на Кисела Вода ќе се памети долго. 

Прочитајте и...  Билјана Беличанец пронајдена мртва

Беличанец била и најмладиот запишан студент на Факултетот за драмски уметности. По дипломирањето во 1994 година таа се вработила во Народниот театар Прилеп, а по три години преминала во Драмскиот театар во Скопје.

Беличанец има добиено награда за најдобар млад актер за улогата на Медеја во истоимената претстава „Медеја“ на македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински, потоа награда за најдобар млад актер на фестивалот Мали и експериментални сцени за улогата на Ерика Брукнер во претставата „Мефисто“ во Сараево, награда за најдобро актерско остварувње за улогата на Кинегонда во претстава „Кинегонда во Карлаленд“ на МТФ „Војдан Чернодрински“, награда за најдобро актерско остварување за улогата на Сара во претставата Генетика на кучиња, исто на македонскиот театарски фестивал Војдан Чернодрински во 2012 година. 

Зад себе остави сопруг и две деца.

Најпопуларно

To Top