Кујна

Едноставен, а совршен: Домашен џем од вишни

Џемот од вишни е омилено на многумина од нас, а сезоната на вишни е во полн ек!

Потребни состојки:

1 кг исчистени вишни
300-500 г шеќер
4 ќесички ванилин шеќер
1 ќесичка желин Dolcela

Начин на подготовка:

Вишните измијте ги и отстранете им ги семките. Исчистените вишни ставете ги ви поголемо тенџере. Пробајте ги, па преку нивната слаткост одредете ја количината на шеќер која ќе ја употребите. Посипете ги со шеќер, промешајте ги и оставете ги да стојат неколку часа за да пуштат сок.

Преостанатото овошје ставете го на оган на висока температура додека да зоврие, а потоа намалете ја температурата и згмечете ги вишните со жица за пире. Гответе со повремено мешање. Продолжете да готвите 10-15 минути додека овошјето не омекне, па додадете го ванилиниот шеќер и желинот измешани со неколку лажици шеќер. Се добро промешајте и продолжете да готвите уште 3 минути.

Тргнете го џемот од ринглата и веднаш турете го во тегли, цврсто затворете ги и превртете ги наопаку. Оставете ги да се изладат и сами да се вакумираат, па потоа свртете ги на другата страна и префрлете ги на темно и студено место.

Прочитајте и...  Два реда чоколадо, ред карамела: Трослојна торта која се топи во уста

Најпопуларно


To Top