in

Едукативно и корисно: Училиште во Србија во кое децата учат пчеларство

Александар Ковачевиќ кој работи во ОУ „Сретен Лазаревиќ“ и во Гимназија Ивањица, започна проект за пчеларство за ученици од петто до осмо одделение.

Проектот започнал на почетокот на учебната година како дел од проект на министерството – збогатена настава по редовните часови. Ова подразбира вклучување на децата по редовната настава во разни активности и учество во разни проекти. Освен за пчеларство, избрале уште четири други активности одобрени од министерството. Секој од нив се одвива четири пати во текот на неделата.

Поради пандемијата од коронавирусот училиштата се затворени, но проектот за пчеларство, како и другите проекти, продолжуваат и во текот на оваа ситуација преку Интернет, а ќе продолжат редовно и од септември, по отворање на училиштата.

„Кога добивме предлог да започнеме проекти, сакав да започнам нешто со децата што ќе биде попривлечно за нив, што ќе сакаат да го прават по шест-седум часа настава. Добив идеја да пробам пчеларство.“, рече Александар.

Прочитајте и...  8 годишно момче ја растело косата 2 години за да ја донира на деца болни од рак

Тој исто така раскажа од каде доаѓа неговото знаење за пчелите, бидејќи инаку предава српски јазик.

„Голем број на пчелари ја продолжуваат семејната традиција преку пчеларството. Татко ми се бави со плечарство повеќе од 20 години, а мене уште од детството ме привлекуваше тоа, ги учев основните работи и му помагав. Со текот на годините моето присуство се зголемуваше, а посериозно почнав да учам литература и практичен дел на пчеларството пред завршување на студиите и по студиите. Најдоброто училиште е праксата, но неопходно е и постојано усовршување.Можам да кажам за себе дека сум само на почетокот, бидејќи секојдневно слушам и учам нешто ново. Децата во текот на нашиот проект научија основни работи, поими и техники, врз основа на кои го засакаа пчеларството, а и стекнаа одлична база за понатамошно учење и работа, доколку тоа ги интересира.“

Александар вели дека на часовите одат и девојчиња и дека можеби неочекувано, тие се повеќе заинтересирани од момчињата.

Прочитајте и...  Во Србија е официјално потврдена африканска чума кај свињите

Бројот на деца кои ги следат часовите варира заради објективни околности, како што се оддалеченост од дома, лошото време во зима, обврски во училиште, тренинзи… Сепак, бројот на деца е задоволителен.

Извор: nationalgeographic.rs

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote