Животински свет

Ексклузивни фотографии: Многу редок црн леопард фотографиран во Африка за првпат по 100 години

Се смета дека црните мачки носат несреќа, но кога биологот Ник Пилфолд слушна дека една се крие некаде низ Централна Кенија, веднаш знаел дека се работи за нешто навистина посебно.

Билогот од Кенија и неговиот тим поставиле повеќе камери на подрачјето
Loisaba Conservancy, а за кратко време го добиле она што го барале – доказ дека навистина постои меланистички леопард.

Млада женка исто така била приметена во друштво на леопардот, за која се претпоставува дека е мајката.

Спротивно на албинизмот, меланизмот е резултат на повисоко ниво на меланин, црн пигмент. Меланистичките леопарди со децении се пријавуваат во Кенија и околината, но научното потврдување за нивното постоење било ретко.

Овие фотографии за прв пат биле објавени во списанието African Journal of Ecology и ие претставуваат прв доказ за постоењето на вакво животно во Африка.

„Скоро сите тврдат дека барем еднаш виделе црн леопард. Дури и ако разговарате со постарите луѓе кои биле водачи во Кенија пред многу години кога ловот беше легален, постоело јасно правило дека црниот леопард никако не смее да биде убиен.“

Прочитајте и...  Куче патува само со автобус секој ден до неговиот омилен парк

Најпопуларно


To Top