Галерија

ЕКСКЛУЗИВНО: Шокантна, вистинска приказна за траума, идентитет и медицински чуда (вознемирувачки фотографии)

Нашето лице изразува кои сме ние. Тоа е нашиот праг во сетилниот свет, овозможувајќи ни да видиме, мириснеме, вкусиме, слушнеме, почувствуваме… Меѓутоа, што ќе бевме ако немавме лице? Кејти Стабфилд го изгуби своето на само 18 години. Ова е шокантна приказна за траума, идентитет, посветеност и неверојатни медицински чуда.

transplatacija lica 5 652562145

Зестанете за миг и погледнете се во огледалото. Што гледате? Повеќето од нас ќе одговорат “себе”.

Моето “јас”. Нашите лица се надворешна слика што го отсликуваат нашето внатрешното чувство за самите себе, она што сме и каде се вклопуваме во светот. Нашите лица се вкоренети во нашата култура, во обичаите и во правилата за тоа како се претставуваме и како ги гледаме другите. Ако им дозволиме да остарат, нашите лица ќе ја раскажат нашата животна приказна. Тие нè поврзуваат со нашите предци од минатото и со нашите деца од иднината.

Погледнете се повторно во огледалото. Размислете што се можете да направите со вашето лице. Можете да ги бакнете саканите луѓе, да го јадете омиленото чоколадо, да пеете. Можете да почувствувате свежо косена трева, да го гледате вашето новороденче и да го допрете неговото со вашето лице. Освен што покажува чувства, едно лице ја подобрува нашата способност да комуницираме. Се насмевнуваме, го собираме носот, правиме гримаси додека зборуваме, многу често и несвесно.

Сега замислете што се случува под тоа чудесно лице. Имаме 43 мускули за мимиката за да го изразиме чувството и да го артикулираме говорот. Имаме четири големи мускули на секоја страна од лицето кои ги движат вилиците и комплексните јазични мускули за да помогнат во голтањето и говорот. Лицето исто така го градат слоеви на крвни садови, сензорни и моторни нерви, ‘рскавица, коска и маснотии. Спиналните нерви ги контролираат моторните мускули и пренесуваат сензорни информации во мозокот, овозможувајќи ни да видиме, мириснеме, вкусиме, слушнеме и почувствуваме допир на кожата.

Прочитајте и...  Фотографка од Кина ја доживеа Македонија во поинакво светло (ГАЛЕРИЈА)

Погледнете повторно во огледалото и зјапајте во вашето неверојатно лице. Замислете што ако го изгубивте …

Кејти Стабфилд имаше само 18 години кога остана без нејзиното лице. Нејзиното лице денес постои само на стари слики.

Во една приказна за National Geographic, која добила ексклузивни права да ја придружува Кети и нејзиното семејство низ најлошите моменти во период од две години, семејството открило дека Кејти била многу среќна девојка. Таа израснала во Lakeland, Флорида, заедно со нејзината постара сестра Оливија и брат Роберт.

Кога имала 16 години, целото семејството се преселило во Кентаки, а подоцна во Оксфорд (Мисисипи), каде што Кејти се запишала на колеџ и се сретнала со еден млад човек кој подоцна ќе стане нејзина поддршка во животот и со кого сакала да започне заеднички живот. Меѓутоа, во март 2014 година таа открила дека тој тајно разменувал пораки со друга девојка, а кога побарала објаснување, тој ја раскинал врската.

Прочитајте и...  Фотограф фотографирал верверички секој ден во текот на 6 години, погледнете ги неверојатните резултати

Длабоко вознемирена отишла кај нејзиниот брат. По некое време се затворила во тоалетот и со неговата пушка си пукала во брадата. Роберт ја затекнал на под, а нејзиното лице веќе го немало. Немало и дел од нејзиното чело, уста, аглите на усните, коските што ја сочинуваат вилицата и предниот дел на лицето. Очите и останале, но биле тешко оштетени.

transplatacija lica 3 725490187

Кејти итно била пренесена во болница во Оксфорд со внатрешни повреди на главата, а подоцна во Мемфис каде што состојбата и се стабилизирала.

transplatacija lica 12 986314567

Брајан Гастмен, првиот лекар кој ја видел Кејти, ја подигнал во количка и се прашувал дали ќе преживее. Била многу ситна, само 48 килограми. Дури и ако преживее, не било сигурно дали ќе има доволно ткива за сите потребни реконструкции. За свои 27 години обука и искуство, Гастмен рекол дека ова е една од најлошите трауми со кои се има сретнато.

transplatacija lica 6 931645836

Во текот на наредните две недели и го отвориле черепот за да го запрат крварењето во мозокот и зеле кожа од другите делови на телото за да ги затворат отворените рани на лицето. Меѓутоа, раните не зараснале, па лекарите и предложиле друга клиника во Кливленд за третман на интракранијални повреди. Таму и предложиле пресадување на лице.

transplatacija lica 14 769291640

За Кејти 2014 била изгубена година. Не се сеќава на ништо поврзано со самоубиството и со операциите што следувале. Родителите морале да и раскажат што се случило. Тоа ја запрепастило. „Никогаш не сум размислувала да направам такво нешто, па кога слушнав за тоа, не знаев како да се справам. Чувствував неверојатна грижа на совест поради болката што му ја предизвикав на моето семејство. Се чувствував ужасно.“

transplatacija lica 7 227290834

Од мај 2014 година безброј пати е оперирана, па на крајот на 2015 година и рекле дека нејзината состојба е стабилна. Сега била спремна за трансплантација, а во мај 2017 година се појавил и дарител – Адрија Шнајдер која починала од предозирање со дрога во нејзината 31 година.

transplantacija lica 1 589533387

Операцијата во која и биле пресадени кожа, нерви, крвни садови и коски ја изведоа 11 хирурзи. Пред операцијата, хируршкиот тим и направил долна вилица на 3D печатач, а како модел им служела снимка од вилицата на нејзината помала сестра.

transplatacija lica 16 141168928

Во 2 часот попладне, по 30 часа операција, хирурзите завршиле со шиење на горниот дел на кожата фиксирајќи го целото лице. Сестрите, специјалистите, вработените и лекарите ракоплескале. Лицето на Кејти сега го изгубило зачудениот израз. Изгледало смирено.

transplatacija lica 23 210658557
transplatacija lica 7 227290834 1

Од болница си заминала на 1 август 2017 година и сега е на имуносупресивна терапија. Учи да оди, да зборува и чита. Се надева дека ќе може да ги продолжи студиите пркеу интернет. Сака да стане психолог за да им помага на луѓето кои како неа се обиделе да се самоубијат.

transplatacija lica 4 946281784

Фото: NationalGeographic

Остави коментар

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top