Филм & ТВ

ЕКСПЕРИМЕНТ ЧЕРНОБИЛ – нов документарец за една од најголемите катастрофи (ВИДЕО)

Една од најголемите и најстрашните катастрофи во човечката историја – хаваријата во Чернобил – уште еднаш се најде во центарот на вниманието низ целиот свет, во голем дел благодарение на серијата на HBO „Чернобил“, која се здоби со голема популарност и гледаност.

cernobil foto 777417553

Еспресо“ беше во украински град Припјат, но наместо вообичаена репортажа, направи возбудлив документарец кој фрла сенка над она што повеќето од планетата сметаат дека се случило на тој фатален 1986 година!

Сведоштво за најстрашната несреќа, 33 години подоцна, екипата на Еспресо бараше токму во Припјат, во епицентарот на зрачењето, местото на една од најголемите несреќи во човековата историја. Несреќата, која ги принуди луѓето да ги напуштат своите домови, нивните животи и да избегаат без оглед на зрачењето кое што го уништи целиот град.

Главните актери во филмот се Виктор Петров и Јури Покутниј, луѓето кои биле сведоци на катастрофата. Виктор Петров, работел како инженер во нуклеарната централа во Чернобил од 1975 до 1991 година. Петров раскажа ексклузивно како изгледале деновите по експлозијата, каква била неговата работа, зошто се крие несреќата, зошто вознемирено се молчи. Јури, кој во тоа време работел во украинското Министерство за транспорт, бил еден од луѓето што го спасија светот, еден од ликвидаторите и ексклузивно зборуваше за нивната работа, како ги гаснеле пожарите, ги евакуирале луѓето, дистрибуирале апчиња со јод.

Прочитајте и...  Ќе се снима документарeн филм за Грета Тунберг
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top