Екстремно ретки полуидентични близнаци кои биле родени во Австралија се вториот ваков случај во светот до сега.

Четиригодишните брат и сестра, од Бризбејн, ја делат целата ДНК на нивната мајка,а само дел од нивниот татко, според извештајот во весникот за медицина Нова Англија.

Тие за првпат биле идентификувани како полуидентични користејќи генетско тестирање додека сеуште биле во утробата.

Професорот Николас Фиск, кој го предводел тимот кој се грижел за мајката и децата во болницата во 2014 година, рекол дека лекарите за време на рутинскиот преглед откриле дека се работи за полуидентични близнаци. Ова е прв пат полуидентични близнаци да бидат идентификувани за време на бременост.

“Многу е веројатно јајце клетката да била оплодена истовремено од страна на две од спермата на таткото пред поделбата”, рече тој.

“Ултразвукот на мајката на шест недели, покажа една плацента и позиционирање на амнионската кеса, кои покажуваат дека очекува идентични близнаци. Сепак, ултразвукот на 14 недели покажа дека близнаците се машко и женско, што не е можно за идентични близнаци.”

Прочитајте и...  Што е тоа што мажот прво го забележува кај жена, а не е физичкиот изглед?

Идентични близнаци се развиваат кога клетката од една оплодена јајце клетка од една сперма, се дели на два дела.

Ова значи дека тие споделуваат идентично ДНК и се од ист пол.

Неидентични близнаци се кога две бебиња се развиваат од различна сперма во исто време одвоени во одделни јајца.

Полуидентични близнаци доаѓаат од една оплодена јајце клетка од страна на два сперматозоиди, која потоа се дели.

Овој вид на оплодување резултира во три сета на хромозоми.

Д-р Мајкл Габет од Квинсленд универзитетот за технологија, вели: “Три групи на хромозоми обично се некомпатибилни со животот и ембрионите обично не преживуваат.”

Полуидентични близнаци најпрво биле родени во САД во 2007 година, но тоа го забележале лекарите дури по нивното раѓање.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.