Шоу бизнис

Елен со големо изненадување за момче кое работи од дете за да ѝ помогне на самохраната мајка

Елен Деџенерес продолжува да шири радост и добрина непосредно пред празниците. Во рамките на „Greatest Night Of Giveaways“, кое ќе трае три дена, славната водителка усреќи многу лица кои најмногу имаат потреба од помош.

Меѓу нив беше и Рико, момче кое од мали нозе морало да работи за да ѝ помогне на самохраната мајка да ги плати сметките. Неговата животна приказна ги трогна и Елен и актерот Стерлинг К. Браун, кои му подадоа рака и му измамија солзи-радосници.

Работа на трудољубивото момче е да врти знаци пред продавници за да привлекува муштерии во нив. Тој мора да пешачи или да се вози со автобус до работното место, а тоа честопати му одзема неколку часа од денот. Рико отсекогаш сонувал да има свој автомобил, а Елен му го оствари тој сон.

„Првоначално започнав да вртам знаци за да ѝ помогнам на мајка ми да ги плати сметките. Во еден момент, со мајка ми бевме без дом и спиевме со автомобил. Ќе ги спуштевме седиштата и легнувавме во багажникот, а се туширавме во фитнес сала. Мајка ми се обидуваше да го направи забавно, нарекувајќи го ‘кампинг’. Помина првиот ден, па вториот, осумнаесеттиот, триесеттиот… Почувствував дека тоа е повеќе од кампување, дека живееме тука. Беше многу тешко, сакаш да бидеш дете, а во истото време мораш да работиш како возрасен“ – вели Рико во видеото.

Прочитајте и...  АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Додека Дејан поради тумор е на лекување во Турција, им изгоре семејната куќа

Погледнете го моментот кога Стерлинг ќе го одведе Рико во автоцентар и ќе му открие дека може да избере кој било автомобил како подарок.

I ❤️ Rico.

I ❤️ Rico. Thank you, Sterling K. Brown, for helping me with this incredible surprise. I'm crying all over again. #EllensGreatestNight

Gepostet von Ellen DeGeneres am Dienstag, 10. Dezember 2019

 

Најпопуларно


To Top