Елтон Џон: Мадона е евтина стриптизета!

elton

Биографијата на славниот Елтон Џон (72) привлече големо внимание од јавноста. Освен што раскажува за своето бурно минато, тој открива и некои детали од животот на познатите.

Сфаќам дека синглот на Гага, „Born This Way“ дефинитивно звучеше слично како и „Express Yourself“, но не сфатив зошто Мадона беше толку нељубезна и злобна во целата таа ситуација, наместо да го сфати тоа како комплимент. Особено затоа што тврди дека се залага за жените, напиша тој во своите мемоари.

Пред седум години, за време на спорното интервју, Џон ја нарекол Мадона „ноќна мора и евтина стриптизета“.

Бев вознемирен и изговорив прилично ужасни работи за неа на австралиската телевизија. Можете да заклучите од снимките дека тоа не беше дел од интервјуто, туку дека измеѓу снимањето зборував за стар пријател, Мадона ја познавам буквално од тинејџерските години. И покрај тоа, моите зборови завршија на телевизија. Сепак не смеев да го кажам тоа. Се извинив!, објасни Џон.

Така тој ја обвини Мадона (61) дека била нељубезна и злобна кон Лејди Гага (33). Тој се осврна на интервјуто од 2012 година во кое Мадона ја оцрни песната на Гага „Born This Way“, дека звучи слично како и нејзиниот хит „Express Yourself“ од 1989 година.

Прочитајте и...  Љубовта го победи вирусот: Уникатна венчавка поради страв од корона вирусот (ВИДЕО)
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде