in

Емотивно видео кое испраќа силна порака: Мало мече не го пушта од прегратка човекот кој го спасил од пожар

Во последните денови се локализирани десетина пожари на териториja од 3.700 хектари во сибирската република Јакутија, но пожарите и понатаму беснеат поради што на терен се испратени и дополнителни екипи по наредба на претседателот на Русија Владимир Путин.

meche 805x570

Според последните податоци на Владата во Русија пожарите зафатија површина од 1,2 милиони хектари.

Метеоролозите најавуваат дожд во дел од подрачјата зафатени со огнот, но не се очекуваат поројни дождови кои би ги изгасиле пожарите.

Стотина руски градови се наоѓаат под чад поради пожарите кои траат веќе со денови. Иако огнената стихија не зафати населени подрачја, сепак густиот чад навлезе во околу 800 населени места. Фауната на зафатените подрачја е речиси целосно уништена, а на социјалните мрежи се шират фотографии од пеполосани животинки.

На социјалните мрежи се појави видео за кое уште не знаеме дали е старо или е пак од сега, а во кое мало мече кое е спасено од пожарите не го пушта од прегратка својот спасител. Ова видео сепак испраќа силна порака: Не навредувајте ги животните со тоа што ќе наречете некој човек „животно“.

Прочитајте и...  ХИТ НА ИНТЕРНЕТ: Доказ дека кучињата се посовесни од луѓето во сообраќајот
https://www.facebook.com/fed.paz/videos/2366048873665406/?sfnsn=mo&s=100034300290186&w=n

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote