Животински свет

Емотивно збогување: Краток филм кој ќе го расплаче секој сопственик на куче

Емотивниот краток филм „Денали“ ќе ви ги насолзи очите. Тој ја прикажува специјалната врска меѓу фотографот Бен Мун и неговото куче Денали, кое било покрај него во добро и лошо цели 14 години. Вистинската приказна е раскажана од перспектива на кучето, кое починало по снимањето на видеото.

Филмот „Денали“ ги прикажува незаборавните авантури на двајцата пријатели, од безгрижните прошетки, лудории и сурфања на плажите, до дружбата во болница за време на борбата со ракот.

01 3

Мун го запознал Денали во 1999 година во стационар и решил да го вдоми. Оттогаш, започнале нивните авантури. Тие поминале една зима живеејќи во приколка и патувале по крајбрежјето на Тихиот океан, фотографирајќи сурфери. Но, идиличната авантура завршила кога во 2004 на Бен му бил дијагностициран рак на дебелото црево, трет стадиум.

На Денали му било дозволено да остане покрај својот најдобар пријател во болницата во која се лекувал и тој го направил токму тоа – никогаш не го напуштил.

02 1

Бен го победил ракот, но тука не завршиле здравствените предизвици на дуото. Во 2014 на Денали му бил дијагностициран рак. Поради возраста, кучето не успеало да извојува победа над болеста.

Прочитајте и...  18 фотогенични животни што повеќе не можат да ја кријат својата величенственост од светот!

За да му се оддолжи за годините поминати заедно, Мун го одвел својот миленик на последно патување, а потоа во негова чест го создал прекрасниот филм. „Не постои лесен начин да се збогуваш со пријател, особено ако тој те поддржувал во твоите најмрачни денови“ – пишува познатиот фотограф.

„Кога некој што го сакаш влегува низ вратата, макар и тоа да се случува по петпати дневно, ти треба потполно да полудиш од радост.“

04 1
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top