Случувања

ЕП со важен план за борба против корона вирусот

Европскиот парламент предложи нов план за помош на болниците во Европа во борбата против коронавирусот.

Претседателот на ЕП, Давид Сасоли изјави денеска дека сите европски држави ќе добијат помош за своите здравствени системи.

Тоа вклучува обезбедување материјали за болниците и финансирање на истражувањата со цел да се развие вакцина против Ковид-19 колку е можно побрзо.

Сасоли најави и финансиска помош за одржување на работните места и стабилноста на економиите во државите. За економските прашања, ЕУ обезбеди најмалку 37 милијарди евра за своите членки.

Прочитајте и...  18 нови случаи на КОВИД-19, тројца починати

Најпопуларно

To Top