Здравје

Еве како да се справите со непријатниот мирис на потта

Освен редовно туширање има уште неколку работи до кои треба да се држите како би ја спречиле смрдеата од потта.

How to Control Sweat and Body Odor During Summer 1

Температурите од ден на ден се се` повисоки. Многу потите и не ви е пријатно поради тоа? Затоа ви ги препорачуваме овие пет „акции“ кои ќе ви помогнат да престанете да мислите на потење, дамки и смрдеа и да уживате во животот.

1. Секојдневното туширање е задолжително. Добро исушете го местото под пазувите бидејќи бактериите сакаат влажни и топли места.

2. Заборавете на синтетички ткаенини бидејќи кожата треба да дише, и носете облека од природни материјали.

3. Редовно отстранувајте ги влакната под пазувите.

4. Носете со себе влажни марами. Искористете ги за моментално освежување и решавање од непријатните миризби.

5. Сода бикарбоната е иделна против потење. Земете малку сода на влажни прсти и нанесете ја под пазувите. Потењето ќе престане.

Прочитајте и...  Најбрзата диета со кисело млеко – Ослабете 5 килограми за 10 дена
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top