Еве што значи бојата на овошјето и зеленчукот за вашето тело!

🍂🍂🍂Различните Бои на овошјето и зеленчукот имаат различно дејство на вашето здравје.

Треба да знаете што секоја боја му носи на вашето тело:

🍉🍎🌶🍅🍒🍓Црвена боја
Храната која има црвена боја во себе содржи ликопен кој му помага на телото да се ослободи од штетните радикали и помага во спречување на згрутчување на крвта.

Влијае на одложување на процесот на стареење на ќелиите. Затоа бирајте намирници како што се на пример, цвеклото, црешите, грозјето, шипинки, јагоди, малини, вишни.

🍋🍌🍍🌽🥭🍑🥕Жолта и портокалова боја
Храната која е со ваква боја содржи алфа каротен кој нè штити од карцином, но и бета каротен кој во телтото се претвора во витамин А, па ја штити кожата од влијанието на слободните радикали. Бета каротенот е исклучително важен во овие летни денови,

🍈🍏🍐🥑🥦🥬🥒🥝Зелена боја
Храната со зелена боја во себе содржи хлорофил кој го прочистува телото, но содржи и калциум и различни минерали. Затоа немојте да одложувате да јадете зелена салата, блитва, зелје, рукола, краставици, тиквици, зелено јаболко, киви, лимета, авокадо.

🍆🍇🍆🍇Виолетова и сина боја на храната во себе содржат антоцијанини кои го намалуваат крвниот притисок и го подобруваат здравјето, но и го зајакнуваат срцето. Меѓу оваа храна незаменливи се боровниците, капинките и сливите, смоквите…

🥜🥔🥥🍚Бела боја содржи алицин кој го спречува растот и појавата на тумор, и исто така содржи и калиум. Затоа не започнувајте го оброкот без лук, кромид, карфиол,ѓумбир,секако и банана…

Нутриционист: Валентина Глигорова

Извор: Семе Синапово

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.