Галерија

Езеро Атабад – фасцинантна убавина создадена од природна катастрофа

Единствено, надреално, волшебно … Тие се само некои од епитетите кои би можеле да го опишат ова тиркизно езеро со нереална убавина лоцирано во северниот дел на Пакистан.

jezero atabad pakistan 1 468146869

Природните катастрофи често предизвикуваат голема штета што ја трпат локалните жители. Сличен инцидент се случил во 2010-та година во северен Пакистан. Меѓутоа иако штетата била голема, катастрофата зад себе оставила нешто неверојатно кое денес привлекува илјадници туристи.

jezero atabad pakistan 2 724972287

Езерото Атабад лоцирано во Гоџал, во планинската долина Хунза настанало во 2010-та година во селото Атабад после голем одрон на карпи. Претходно местото било планински терен и село во кое воопшто не доаѓале туристи.

jezero atabad pakistan 3 323183109

Одронот им го одзел животот на 20 селани и предизвикал невидена штета за илјадници луѓе во околината. Текот на реката Хунза бил блокиран пет месеци, а ова го оневозможило нормалниот живот во околните села. Покрај сето ова, никој не ни сонувал дека од нешто толку ужасно може да настане нешто преубаво.

jezero atabad pakistan 4 646961329

Езерото во јуни 2010-та година било долго 21 километар, а на некои места достигнувало длабочина и до 100 метри. Доколку мислите дека рајот не постои, погледнете ги неверојатните фотографии од езерото Атабад.

jezero atabad pakistan 5 788482038
jezero atabad pakistan 6 235602444
Прочитајте и...  Фотограф ги отстранува електронските уреди за да го прикаже нашиот нов осамен свет
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top