Фамилијарен бизнис: Приведени четворица дилери на хероин во Чаир

Хероин во 60 мали пакувања, марихуана и пиштол марка „Екол Фират Магнум ЕФ810399 Волтран“ се запленети во домовите на браќата Ф.П.(43) и Ф.П.(51) од Чаир. Претресот е извршен вчера по што двајцата се приведени и против нив, како што соопшти полицијата, ќе бидат поднесени соодветни пријави. Приведен е и Б.П., син на Ф.П.(51).

Со судска наредба, вчера бил извршен претрес и во домот на Г.П.(41) во Чаир. При претресот била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја, дигитална вага и две фолии со остатоци од прашкаста материја. Г.П. бил приведен во полициска станица. По документирање на случајот и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.