Занимливости

Феминистичката икона во втората светска војна: Која е жената која што се крие зад постерот „Rosie the Riveter“?

Постерот „Rosie the Riveter“ со пораката „Ние го можеме тоа!“, прикажува американска работничка во фабрика која требало да ги охрабри жените да работат за време на втората светска војна кога мажите биле на боиштата. Кој се крие зад ликот кој подоцна станал икона на феминистичките движења?

Во 1942 година нешто чудно и скоро скандалозно се случило во воздухопловната база во Аламиди. Од сигурносни причини, командантот на базата наредил сите работници кои работат на машините да носат пантолони.

Во тоа време жените кои носеле пантолони биле толку необичен пример, што фоторепортер од новинарската агенција „Акме“ бил пратен да ја документира сцената. Фотографирајќи, фоторепортерот ја сликал и тогаш 20-годишната Наоми Паркер Фрејли која како и многу жени во 40-тите години ја превзела работата во воената индустрија со цел да помогне во воените напори. На црно-белата фотографија која е објавена во 1942 година, Фрејли позирала како жена фокусирана на работата, облечена во работнички пантолони со марама на главата со коментарот „Работничките пантолони не ја направија Наоми Паркер ништо помалку атрактивна!“.

Прочитајте и...  За што служат точките на шофершајбната од автомобилот?

Фотографијата го инспирирала и уметникот Џеј Хауард Милер за да го направи еден од најпознатите американски билборди „Rosie the Riveter“. Тоа било персонификација на женските моќи на тоа време и симбол на женското движење.

Меѓутоа за Фрејли која починала на 20 јануари 2018 година, во 96 година од животот скоро и никој да не слушнал.

Имено, долго се верувало дека Рози Риветер Џералдин Хоф Дојл е една од работничките во тогашните мичигенски фабрики за оружје. Дојл тврдела дека тоа е нејзина фотографија кога ја здогледала во 1984 година во списанието „Modern Maturity“. По нејзината смрт утврдено е дека е невозможно таа да е ликот на постерот, бидејќи во времето кога фотографијата била направена Дојл била ученичка во средно училиште.

Дека на фотографијата не е Дојл прв пат се посомневале тогаш кога веќе 85- годишната витална старица Наоми Паркер Фрејли 2009 со нејзината сестра Адом Вин Лој, во текот на посетата на националниот историски парк во Ричмонд, каде се наоѓа споменикот на жените кои за време на втората светска војна работеле за воената индустрија, се здогледала себе си на фотографијата која ја заборавила одамна. „Не знам дали бев повеќе изненадена гледајќи ја таа одамнешна фотографија, или кога видов дека таму пишува дека тоа е некоја друга жена“- коментирала од после Фрејли. Фотографијата била изложена веднаш до историскиот плакат, објаснувајќи дека послужила како инспирација за него.

Прочитајте и...  Пресметајте го вашиот Индекс на телесна маса за да дознаете која е вашата идеална тежина

Кустосот на меморијалниот центар се заинтересирал за таа приказна, а Наоми Паркер по враќањето дома ја пронашла и му ја испратила фотографијата која ја пресекла од весници.

Потоа со фотографијата се позанимавале на Универзитетот Сетон Хол во Њу Џерси. Професорот Џејмс Кимбл истражувал која е Роси, и заклучил дека тоа е Наоми Паркер Фрејли.

Наоми после војната си заминала од воздухопловната база и се вработила како келнерка во ресторан во Палм Спрингс. Набрзо потоа и се омажила.

„ На жените во оваа земја, во ова време, потребни им се икони. Среќна сум ако и ја сум една од нив.“- изјавила Наоми во 2016 година.

Најпопуларно


To Top