Галерија

Феномен кој се јавува само неколку пати годишно: Јапонски замок лебди меѓу облаците

Сите туристи деновиве сакаат да го посетат замокот Ечизен Оно во Јапонија за да уживаат во неверојатниот, прекрасен пејсаж кој ретко се гледа.

Во градот Оно во Јапонската префектура Фукуј се наоѓа замокот Ечизен Оно за кој луѓето патуваат од секој крај на светот, само за да уживаат во неговите убавини.

Овие денови замокот изгледа како да лебди во облаците.

Облаците го опколуваат замокот од изгрејсонце до 9 часот наутро, што прави овој прекрасен замок во традиционалниот Јапонски град да изгледа како да лебди по небото.

Во прашање е многу редок настан, кој се случува само 10 пати годишно помеѓу есента и пролетта.

Замокот Оно, познат и како Камејама претставува замок на врв од планина, кој е сместен во поранешната провинција Ечизен Оно.

Замокот го изградил Канамори Нагичика во 1576 година, пред да биде преместен во замокот Такајама во 1586 година. Замокот е реконструиран во 1795 година откако изгорел. Низ владеењето на Меиџија, сите дрвени згради се срушени, а во 1968 година е реконструиран од бетон.

Прочитајте и...  Најновата црна плажа на Хаваи создадена од лава
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top