in

„Фиат“ и „Пежо“ се спојуваат

Управните одбори на „Фиат Крајслер“ и „Пежо“ го одобрија спојувањето на двете компании, а заедничката фирма ќе стане четвртиот најголем производител на автомобили во светот со очекуван годишен приход од околу 170 милијарди евра, објави „Асошиејтед прес“.

Кога ќе заврши процесот на спојување, првиот човек на „Пежо“, Карлос Таварез, ќе биде извршен директор на новата компанија, додека претседателот на „Фиат Крајслер“, Џон Елкан, ќе биде на истата функција.

Одлуката за спојување на италијанскиот и францускиот производител на автомобили е донесена пет месеци откако пропадна обидот на „Фиат“ да се соедини со „Рено“.

Прочитајте и...  19.000 деца се принудени на сексуална работа во Англија само оваа година: Повеќето во хоророт ги вовлекле врсниците

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote