Македонија

Филип Ангеловски, момче со Даунов синдром, готви за себе и за бездомниците

21-годишниот Филип е ученик во ДСУ „Св. Наум Охридски“ и од септември ќе биде трета година. На негово инсистирање родителите го запишале во групата за готвачи

Филип Ангеловски е 21-годишно момче со Даунов синдром кое ужива во готвењето. Тоа му е и професија и задоволство. Неговата мајка Даниела Ангеловска за Факултети.мк раскажува дека Филип своето основно образование го завршил во редовно училиште.Сега е ученик во ДСУ „Св. Наум Охридски“ и од септември ќе биде трета година. На негово инсистирање родителите го запишале во групата за готвачи. 

– Сигурно нема да стане врвен готвач. Можеби нема да готви специјалитети, ама ќе знае да си свари едно јајце и да си стопли чајче – вели таа.Фичо, како што го викаат најблиските, од мал редел прибор за јадење, носел лепче за време на ручекот, но дома не му дозволувале да се доближува до шпоретот за да не се изгори.

– Родителите чии деца се со Даунов синдром ги ограничуваат за да ги заштитат. Сѐ им е сервирано на тацна. Додека растеше, сфатив дека можел да направи многу работи, но јас сум му ги забранувала – додава мајката на Филип. 
Во еден момент ѝ се запалила „сијаличката“, па се запрашала што ќе прави нејзиниот син еден ден кога ќе ја нема. Затоа се ослободила од стравовите и му дозволила да учи да готви. 

Прочитајте и...  Објавила видео на кое нејзиниот син му пее на својот брат со Даунов синдром, не ни сонувала што ќе се случи

– Мило ми е што во училиште имаат многу пракса и готват – вели Ангеловска, која е пресреќна што нејзиното дете има можност да го учи тоа што го сака. Меѓутоа, за да е редовен на часовите, таа работела и втора смена. Задоволна е што успеала да се избори да има скратено работно време и така да му помогне во исполнувањето на обврските. 

Сите имаат слободни билети, ама не секој од нив може да патува сам 

Проблем е и превозот. Сите ученици од „Св. Наум Охридски“ имаат слободен билет за градскиот превоз, кој важи и за родителите. Таа карта е „карта за со придружба“, така што секој што е со учениците може да ја користи. Ама, дел од дечињата не можат да одат сами. Филип има проблеми со видот. Тешко може да го види бројот на автобусот, па се вози сам само на кратки релации.

– Mора да го однесам во школо, па додека да отидам дома, пак треба да се вратам – објаснува оваа мајка, која некогаш патува и по два часа за да стигнат навреме на часовите. 
Родителите повеќе пати побарале да има организиран превоз од домовите до училиштето. На ваквото барање им било кажувано дека како и сите средношколци, и тие добиваат само слободен билет. 

Во слободно време Фичо ужива во готвењето така што им помага на луѓето од неформалната организација „РетвитниОброк“. 
– Кога првпат го донесов, уште на врата нѐ пречекаа насмеани лица кои не ставаат етикети. Знаев дека ќе биде добро прифатен меѓу тие добри млади лица – зборува Ангеловска. 

Прочитајте и...  Македонка бесплатно нуди објект за болница на државата

Пржел зеленчук, складирал храна и се почувствувал потребен. Во просториите каде што се готви има и гитара, со која Филип често ги забавува другите. 
– Го гледам како ужива пеејќи и свирејќи. Барем еднаш во месецот се трудиме да отидеме на петочното готвење – вели мајката на младиот готвач.  Работи во гостилница

Таа истакна дека од сопствено искуство знае дека здравата околина е подобра за социјализирање. 
За време на летниот распуст Филип работи во една гостилница во Скопје, а кога не е во кујна, игра кошарка со другарите и тренира футсал. 
Оваа мајка со години се бори нејзиниот син да не биде разделен од другите дечиња. Главна пречка за несоцијализирање на лицата со Даунов синдром е влијанието на околината. 

– Големо е незнаењето, а и родителите на другите дечиња се виновни. Тој не може да сфати сѐ доколку не му се објасни неколку пати. Така што не им се троши време и не им се посветува внимание, раскажува загрижено таа. 

Прочитајте и...  Наместо да биде во изолација се качил во автомобилот и се шетал во два града- кичевец скапо ќе го плати ова прекршување!

Лицата со Даунов синдром можат да учат, да работат, да бидат дел од општеството само ако ние им дозволиме, додава таа и за крај ги советува сите родители да бидат упорни во борбата со околината и да им овозможат на своите најмили да се почувствуваат прифатено.

Извор: fakulteti.mk

Најпопуларно


To Top